Украина ќе ја победи Русија и повторно ќе биде слободна земја, вели британскиот премиер Борис Џонсон.
Тој најави дополнителна воена помош од 356 милиони евра за Украина, вклучувајќи опрема за електронско војување и противбатериски радарски систем, и истакна дека Британија ќе продолжи да ја снабдува Украина.
Тој оцени дека Украина „го уништи митот за непобедливоста на претседателот Владимир Путин“ во борбата против Русија.
-Таканаречената неодолива сила на воената машинерија на Путин се распадна на неподвижниот објект на украинскиот патриотизам и љубовта кон земјата, порача Џонсон.
Русија на 24 февруари инвазија врз Украина, а војната се уште трае.