Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон денеска ќе одржи говор во украинската Врховна Рада. Тој е прв светски лидер кој ќе зборува во украинскиот Парламент, од почетокот на руската воена операција на 24 февруари.

Преку видео обраќање, Џонсон ќе го поздрави   украинскиот отпор на „руската тиранија“, oбјави Гардијан.

Се очекува британскиот премиер да потсети „на времињата на најголеми искушенија и опасности, што истовремено се и времиња на најголема слава“.

Со денешниот говор, Џонсон му возвраќа на потегот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој во март имаше обраќање во Долниот дом на британскиот Парламент.