Вкупно 800.008 лица, 249.500 домаќинства и 336.109 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.
Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193 168 лица.
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.
Според објавата од ДЗС вчера бројката „8 е магична“.
Вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави дека има големи турбуленции во попишувањето, граѓани на социјалните мрежи објавуваат за проблеми во пописот, а директорот на ДЗС, Апостол Симовски пак вчера тврдеше дека пописот тече без никакви проблеми и со брзина од 100.000 попишани на ден.