Судството е ослободено од какви било влијанија на извршната власт, а органите на прогонот постапуваат неселективно, без разлика за кого станува збор.

Ова се истакнува во денешното соопштение од владејачкиот СДСМ, а соопштението доаѓа само неколку дена откако во медиумите е објавено дека осудениот за рекет Зоран Кичеец беше еден месец „на викенд“, па беше притворен откако предизвика сообраќајна несреќа. Потоа беше објавено дека поранешниот соработник на Зоран Заев, Драги Рашковски кој е во куќен притвор, обвинет поради криминал, шета слободно на улица низ Скопје. И последниот случај од вчера кога повеќе медиуми објавија како притворениот Боки 13 „пазарува“ ноз Скопје во придружба на полициско обезбедување.

И сето ова затворените македонски патриоти, и јавноста во Македонија, треба да го доживуваат, како што тврди СДСМ, „ослободено судство од секакво влијание на извршната власт“.

Во продолжение и денешното цело соопштение од СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ партијата на браникот на криминалот, нема капацитет да сфати дека со реформите во правосудството, судството е ослободено е од какви било влијанија на извршната власт, а органите на прогонот постапуваат неселективно, без разлика за кого станува збор.

Денес, правдата е достапна за секого, а пред законите сите се еднакви.

Тоа, меѓу другото, го потврдуваат Извештаите на Стејт департментот и Европската комисија, кои наведуваат дека по низа години заробена држава реформите во судството се видливи.

И додека половина партија им е по судови, а дел избега од државата ВМРО-ДПМНЕ без ни малку срам зборува за правда.

Тоа се истите луѓе што 11 години ја практикуваа правдата со уцени и закани, поставување судии од тефтерчето, нарачка на пресуди по телефон, измислени сведоци, го претворија МВР во подружница на Белиот дворец.

Истиот тој Кичеец за кого зборуваат е потврден соработник и слуга на Христијан Мицкоски, целата јавност имаше можност да чуе како Мицкоски договара соработка и бара услуги од него, сега тој е во затвор, додека за Бојан Јовановски беше донесена пресуда во брза и ефикасна судска постапка што е едноставно незамисливо за оние кои со години држеа судството целосно заробено.

Ништо не може да го сокрие фактот дека ВМРО-ДПМНЕ е заштитник на криминалот и корупцијата, а СДСМ е посветена на обезбедување бескомпримисна правда за сите.

Центар за односи со јавноста на СДСМ