Криминалците другарчиња на Заев на слобода, Маричиќ оставка веднаш, се истакнува во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ, по повеќето случаи осудени или притворени слободно да се шетаат низ Македонија.

– Рашковски наместо во притвор, на прошетки, има ли криминалец другарче на Заев што е во затвор? Рашковски е фатен до гуша во криминал. Сите информации говорат дека инфлагранти местел тендери. Му беше фатена комуникација од која произлегува дека прикрива докази, а тој наместо во притвор или затвор се шета на слобода. Ваков третман немаат други притвореници, само притворените луѓе на Заев, кои очигледно не се знае ниту дали се во притвор. Дома наместо во затвор е и Катица Јанева, а низ државата дивее и осудениот за рекет. Наместо во притвор во домашен е и поранешниот командир на полициската станица во Прилеп кој беше фатен заедно со шоферот на Заеви како шверцува дрога, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

На слобода, се додава во соопштението, е и шверцерот Боро Марлборо, а од затвор на редовна линија им бегаат затвореници. Ден Дончев кој беше фатен со туце пари отиде во Австралија, а одговорност нема за ниту еден криминалец. На народот му е преку глава од криминалците на Заев, одговорност мора да има за сите. Наскоро сите криминалци ќе се соочат со правдата, а тогаш и Заев ќе одговара кој и зошто ги пуштал на слобода, се вели во соопштението.

Деновиве јавноста е информирана за повеќе случаи кога притворени и осудени лица, кои биле блиски до власта, слободно да се шетаат. А власта со полна уста говори дека „судството е ослободено од секакви влијанија на извршната власт“.