Џулија Робертс во шоуто на 60-годишната водителка Елен Деџенерис беше претворена во „Кардашијанка“. Имено, водителката со неколку „трикови“ и помогна на 51-годишната актерка да собере повеќе следбеници на Инстаграм.

Елен ја натера Џулија да позира пред тропска позадина со големи лажни гради на себе и наметка и да глуми дека е „Кардашијанка“, алудирајќи дека токму на тој начин сестрите Кардашијан и Џенер се стекнале со милиони обожаватели на социјалните мрежи.

Бидејќи за привлечен профил потребно е да објавуваш фотографии со вкусна храна, Елен ја повика напомош Марта Стјуарт, која ѝ донесе на Џулија пита.

Но, тоа не е се. Погледнете го урнебесното гостување на Џулија кај Елен и сето тоа што го направија за повеќе следбеници.