Пејачката Џенифер Лопез конечно се огласи за гласините дека наскоро ќе се венча за нејзиното момче, Алекс Родригез.

Џеј Ло и Алекс се во врска од 2016-та година и изгледа дека како што поминува времето, љубовта им е сè посилна. На јавните случувања се појавуваат заедно, а слободното време го поминуваат со децата, кои ги имаат од претходните бракови.

Од почетокот на ноември, се зборува дека Алекс ја запросил Џенифер, бидејќи пејачката во еден видео спот носи голем дијамантски прстен.

Сега, латино дивата гостувајќи во емисијата на Елен Деџенерис, проговорила за овие гласини.

„Родригез вели дека ќе се венчате“, започнала Елен, на што Џеј Ло со насмевка одговорила „Не го кажа тоа“.