E. Пелистер со победа над српскиот шампион Партизан го почна својот настап во Регионалната ракометна лига.

Пред домашната публика а предводени од капитенот Филип Кузмановски, Пелистер го победи Партизан со 35:31.

Е. Пелистер замина на одмор со предност од 20:13, а најголемата разлика на мечот изнесуваше водење од 8 гола предност (23:15, 24:16 и 25:17) во текот на второто полувреме.

Партизан во финишот успеа само да ја намали негативата преку Вагнер и Лумбросо, но победата на домаќините ниту во еден момент не беше доведена во прашање.

Филип Кузмановски беше одличен со 15 гола, додека Граховац и Хенигман додадоа по четири погодоци. Кај Партизан најефикасен беше Вагнер со 10 постигнати голови.