Ракометниот клуб Е.Пелистер денеска официјално се раздели со четворица ракометари кои во следната сезона нема да го носат дресот на битолскиот состав.

Заминуваат Илија Абутовиќ, Усама Хосни, Богдан Радивојевиќ и Домен Тајник, ракометари кои во изминатиот период беа дел од успесите на Пелистер и со клубот освоија две шампионски титули во Македонија, како и еден Суперкуп.