Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД) одобрила кредит од 500 милиони долари за изградба на Трансјадранскиот гасовод (ТАП), објави Банката.
Според Банката, проектот е приоритет за ЕУ и за енергетската заедница.
Гасоводот во должина од 878 километри ќе почнува на турско-грчката граница, ќе поминува низ Албанија а потоа низ Јадранско Море ќе заврши во јужна Италија.
Тој е завршен крак на 3.500 километри долгиот Јужен гасен коридор во кој се инвестирани 40 милијарди долари за транспорт на гасот од Каспискиот регион до Европа.
Инаку, целиот проект ТАП ќе чини 4,5 милијарди долари, а првите испораки на гас се очекуваат во 2020 година.
На почетокот на годинава, бордот на Европската инвестициска банка одобри 1,5 милијарди долари кредит за ТАП, па сега се разгледува евентуално учлество на кредитни агенции од Франција, Германија и од Италија
На почетната точка во Турција ТАП ќе се прикачи до Трансанадолскиот гхасовод ТАНАП.