Еден од најдобрите играчи на сите времиња и поранешен фудбалер на Барселона, Андрес Иниеста во телевизискиот разговор призна дека страда од депресија од 2009 година. Оваа болестму  била дијагностицирана по една од најдобрите сезони во историјата на Блауграна, по освојувањето на тројната круна, а „прекинувачот“ била смртта на капетанот на Еспањол Даниел Жарке, голем пријател на Иниеста.

– Кога страдате од депресија, сфаќате дека некои работи не се во ред, но не сте сигурни што точно е во прашање. Влегувате во круг кога секогаш се чувствувате празни. Го совладувате Челзи во полуфиналето на Лигата на Шампиони, подоцна го подигнувате трофејот, потоа уште два трофеи и по годината која на крајот би морала да биде незаборавна,  пристигнува летото, а вие чувствувате дека тонете, вели Иниеста.

– Тоа е болест поради која не сте целосно свој. Едвај чекав да дојде ноќта за да земам таблета и да отидам на спиење.

Тој, исто така, го повика Жозе Муриња.

-Тој постојано создаваше чудна атмосфера и во еден момент стана неподнослив. Тоа не беше никакво ривалство, туку омраза што му нанесе голема штета на тимот и на моите соиграчи.