Барселона е еден од ретките клубови кои никогаш не го сменил името на стадионот, но во време на спонзори и огромни пари се потешко им е да оддолеат на понудите.

До пред неколку години Барса беше клуб кој на предната страна на дресот немаше име на спонзор, но кога стигна понуда која не можеа да ја одбијат тоа се промени. Истата ситуација е и со името на стадионот Камп Ноу, кој би можел да доживее мали промени.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона преговара со компанијата Грифоис која би можела да биде еден од новите спонзори на каталонскиот клуб. Преговорите се водат околу името на стадионот, а доколку дојде до договор, тогаш стадионот на Барселона ќе се вика Камп Ноу Грифоис.

Доколку дојде до соработка помеѓу Барса и оваа компанија, каталонскиот клуб ќе заработува околу 20 милиони евра годишно, а соработката ќе трае дури 20 години. Барса за овој временски период ќе инкасира 400 милиони евра.