Неверојатните сцени во Буенос Аирес продолжуваат и од ден на ден можеме да видиме се полоши испади на навивачите на Ривер Плата.

Откако, претходно го нападнаа автобусот на Бока во кој повредија неколку фудбалери на тимот, сега навивачите на Ривер приредија уште едно непријатно изненадување.

Во околината на „Монументал“ навивачите убија свиња облечена во дресот на Бока Јуниорс и извикуваа: -Бока ќе те убиеме.