Премиерот на Албанија Еди Рама ја честита годишнината на независност на Косово со фотографија која ја објави на својот фејсбук профил.
На фотографијата се наоѓаат две девојки едната го претставува Косово а другата Албанија. Девојката која го претставува Косово ја бакнува во чело девојката која ја претставува Албанија. Асоцијата за обединување на двете држави е сосема очигледна, пишуваат српските медиуми.
Слична најава има и од Приштина, каде што Албин Курти во едно интервју пред изборите рече дека го поддржува соединувањето со Албанија, но дека сппред сегашните закони не е можно.
– Сеуште немаме закон за референдум на Косово, но два референдума меѓу нашата земја и Албанија би решиле такво нешто. Мислам дека би гласал за – рече Курти.