Сопствениците на автомобилите кои загадуваат повеќе, ќе плаќаат повисок данок за нив од 6 до 10 лева. Тоа денеска го изјавил бугарскиот министер за финансии Владислав Горанов, по консултации во бугарската Влада.
„Ја воведуваме оваа мерка иако висината на сумата е мала и не одговара на целта што сакаме да ја постигнеме“, изјавил Горанов.
„Ние сме претворени во гробница за стари автомобили и автомобили кои користат дизел гориво. За неколку години, кога ќе бидат забранети во цел западна Европа, па дури и во Грција, може да претпоставите каде тие автомобили ќе завршат“, изјавил Горанов.
Слична мерка пред некој ден беше најавена и во Македонија. Макрадули, кој пред некоја година се фалеше дека имаат план за намалување на загадувањето во Скопје и Македонија, најави воведување посебни налепници за возилата кои загадуваат повеќе. Налепниците ќе бидат плаќањи од самите граѓани, а таквите возила можат да се соочат и со ограничување на движењето во периодите кога загадувањето е големо.
Не е јасно кој од кого ја украл идејата: Макрадули од Горанов или Горанов од Макрадули. Но, со оглед на тоа дека основата на идејата е иста, јасно е дека таа наликува како да потекнува од еден ум. Злобниците би рекле – еве уште еден доказ дека ние и Бугарите сме еден народ. Всушност, по потпишаниот договор со Бугарија, тие и не се веќе злобници.
Автобус број 50 во центарот на Скопје: За него не важи мерката