Темно чоколадо е добро за здравјето, а според најновите истражувања помага и за долговечност, но само во комбинација со цинк.

Според истражувањето на група научници од Германија при универзитетот Ерланген-Нирнберг, цинкот ги активира полифенолите во чоколадото и таа реакција го штити организмот од гас што настанува како отпаден производ на клетките.

Овој отпаден гас може да ја оштети ДНК структурата на човекот, а се смета дека има клучна улога во процесот на стареење и се поврзува со појава на воспаленија што може да предизвикаат карцином и Алцхајмерова болест.

Освен чоколадото, полифенолите кои се важен антиоксиданс ги има и во чајот и кафето.

Полифенолите сами не може да го разградат овој гас, но во комбинација со цинк создаваат „мегакомплекс“.

Претходни истраживања покажале дека црното чоколадо во умерени количини може да биде здраво за срцето, а според едно истражување на Харвард, нѐ прави попаметни.

Цинкот преку храната може да го внесете преку говедско месо, кефир или јогурт, јагнешко месо, леблебија, семки од тиква, индиски ореви, пилешко месо, печурки и спанаќ.