Грешка при пишување на името на државата на првиот учебен ден во бугарскиот град Свиштов предизвикала бурни реакции во соседната ни држава.
Во натписот, наместо „България“ било напишано “Балгария”, значи со „а“ наместо со бугарската буква “ъ”.
Снимката со натписот ги обиколила социјалните мрежи кратко време откако била пуштена и предизвикала лавина од коментари.
Потоа се покажало дека натписот го подготвувала блиската книжарница, а наставничката не го проверила. Сопственикот на книжарницата и се извинил на наставничката, но тоа не ги сопрело реакциите.
Ете, истите тие Бугари кои го поздравуваат и поддржуваат нашето преименување, ја кренаа цела држава на
нозе само за една буква и за само една грешка. И тоа ненамерна.