ДУИ откако е во опозиција ја смени песната, на власт не им чинеше балансерот, сега плачат по него со цел да дефокусираат, ги штитат местачите на тендери и се закануваат со дестабилизација, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение целото соопштение:
ДУИ треба да сфати дека мора да прекине со манипулациите. Едно зборуваа кога беа на власт, сега во опозиција друго.
Да ги потсетиме ДУИ, кога беа на власт усвоија Стратегија за реформи во администрација за 2023-2030 година. Во истата констатираат дека балансерот како алатка се злоупотребува и треба да се укине. И Брисел порача и тоа јасно дека балансерот треба да се укине.
Како за ДУИ во 2023 година балансерот се злоупотребувал, а сега е неопходен?!
ДУИ додека беше на власт беше преоптоварена со местење тендери, бизниси во четири очи, а наоѓаа време во државни институции да играат фудбал.
ДУИ додека беше на власт не ја интересираше што стотина илјади млади заминаа, што граѓаните лошо живееја.
Сега ја сменија песната затоа што се опозиција имаат слободно време и гледаат само како да напаѓаат.
Сега од ДУИ гледаат само како да направат незадоволство, да дестабилизираат, односно како да го одвлечат вниманието од главната тема, а тоа е дека нивните функционери треба да одговараат.
ДУИ има една цел нивните функционери да не одговараат на ниеден начин и тоа се спремни да го попречат по секоја основа.
На ДУИ им порачуваме дека нивните обиди за замајување на јавноста не поминуваат!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ