Шилегов да одговори како со чиновничка плата дојде до цела зграда среде Скопје, луксузна викендица во Маврово и 4 стана, прашува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Петре Шилегов не направи ништо за Скопје, но затоа за себе си направи куќа во Маврово од над 300 м2. Шилегов нема ниту еден проект по кој ќе го паметат. Но затоа ќе го паметат како градоначалник кој од функција си заминал со две куќи и четири стана на својот имотен лист. Како со 60тина илјади денари плата месечно Шилегов успеа да направи куќа во Маврово од 300 м2 и да си ја реновира куќата во Карпош? Само од плата Шилегов не земал повеќе од 50.000 евра за 4 години, тоа не е доволно ниту за куќата во Маврово, а за реновирање на луксузната куќа во Карпош не станува ниту збор. И сето тоа доколку Шилегов не трошел на ништо друго, па дури ниту на храна. Кого лаже Шилегов? Скопјани или себе? Време е за одговори. Време е за одговорност. Време е за промени, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку Шилегов е познат по неговите објави на социјалните мрежи насловени со „една поинаква приказна за Скопје“. Секако дека скопјани ги интересираат неговите приказни „пред и потоа“, но и приказната за тоа како заштедува од плата за куќа, викендичката и четирите стана?