Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, е неуморен градител на „поинакви приказни“ и виртуелни капитални објекти на Фејсбук.
Тој денеска го претстави ентериерот и на својот најнов проект:
– Мојата цел беше, е и ќе биде да се занимавам со проблемите на Скопје и скопјани, кои што скоро 3 децении се таложеа во нашиот град како резултат на нивното некадарно и волунтаристичко водење на градот. Тие последици, тие проблеми ги решаваме чекор по чекор. Работејќи на вистинските негови приоритети и потреби на граѓаните. Еден од децениските проблеми, еве веќе се решава. Драги скопјанки, почитувани скопјани, ове е новата внатрешност на Универзална сала, објави Шилегов со три извичници на Фејсбук.
Во неговата објава е додадено и неговото омилено мото: „Скопје, една поинаква приказна“, со еден извичник.
Но, позади овие извичници има многу повеќе прашалници за проектоте на Шилегов кои ги градеше и ги изгради само на Фејсбук, како што е тунелот под Кале и уште многу „поинакви приказни од Шилегов“ кои почнаа виртуелно на Фејсбук и никогаш не завршија реално.
Шилегов подолго време не е појавен во јавноста, освен на социјалните мрежи, а неофицијално тој е на годишен одмор на Јадранското Море во Хрватска.