Ветрот се покажа дека „има“ најдобар План за чист воздух, денеска цела Македонија диши ајро какво што има само Лазарополе во деновите на загаденост.

Ветерот кој денеска дува во Македонија насекаде го исчисти воздухот, а сите мерни станици во Македонија регистрираат загаденост под дозволеното ниво, што може да се види од графиката под текстот. Вредностите што се прикажани се регистрирани во 15 часот.

Конечно добра вест за воздухот после секојдневните за македонски градови светски рекордери во загаден воздух.