Мал авион се урна денеска во областа Бовец, во северозападниот дел на Словенија, при што загина словенечки државјанин, соопшти Службата за цивилна заштита и управување со вонредни ситуации.
Од Службата наведуваат дека причините за несреќата се истражуваат.
Авионот што се сруши е од типот „робен ДР400“, кој претежно се користи за влечење едрилици.
На местото на настанот се наоѓаат инспеции од цивилното воздухопловство, полицијата и пожарникари.