Скандалозната национална програма за култура, односно финансирањето на проекти од национален интерес во културата од областа на литературата и издавачката дејност, не само што не е национална туку е во целост антинационала! Во оваа прилика, од шарлатанската распределба на средства за литературата/книжевноста, издвојуваме само дел од книгите кои се прогласени за „книжевни дела“, иако немаат никаква врска со книжевноста која се дефинира како уметничко творештво чие изразно средства е зборот, односно јазикот. Освен тоа, од програмата може да се види дека парите се делени по бавтана, од ракав, по приватни линии, па веднаш треба да се види (да се објави) составот на Комисијата за литература и издаваштво, но и кој е човекот што ја предводел Комисијата и каде тој е вработен?
Еве дел од списокot на одобрени книги што треба да ги платат граѓаните преку буџетот на Република Македонија:
Фадбарда Исмаили: „Методологија на правното пишување“………..120.000
Маир Исени: „Родителската грижа влијае на децата“……………………130.000
Беџет Точи: „Психомоторика“………………………………………………………130.000
Шефки Селами: „Менаџирање на наставата во Тетово“………………..120.000
Ибиш Кадрија: „Политичка социологија“…………………………………….140.000
Здружение „Пурпура“-Тетово: „Да се биде Албанец“…………………..150.000
Фестим Халили:„Софтверско инжинерство“…………………………………180.000
Фаузи Скендери:„Географија на населби“…………………………………….100.000
Фаузи Скендери: „Демогеографија“……………………………………………. 100.000
Мирела Ибраими: „Стручните органи во средните училишта..“…. 200.000
Зеќирија Реџепи:„ Европската унија и интегративниот процес“……185.000
Фатон Мурсели: „Комуникацијата, наша судбина“……………………….100.000
Линдита Адеми: „Терминологијата од областа на информатичко- компјутерската технологија на англиски и албански јазик“………………75.000
Беса Догани: „Партиципативноста на одговорните субјекти во
училиштето за поуспешна адаптација учениците“……………………………70.000
Мурсел Мурсели: „Лисец: минато, сегашноста и иднината“…………….90.000
Ваљбона Камбери: „Дидактички помагала за читање книги на
часови по албански јазик во Македонија“………………………………………..100.000
Петрит Положани:„Емиграцијата на албанската популација со
посебен осврт врз Република Македонија“……………………………………… 80.000
Исмет Јонузи: „Албанскиот клуб и конгресите на Битола………………100.000
Дрита Мамути Фазлиу: „Вонсудско решавање на споровите“………… 80.000
Хавуше Лесковица- Исмаили: „Истражувачките центри во
претставничките тела……………………………………………………………………..100.000
Осман Кадриу: „Вовед во граѓанско право“……………………………………..80.000
Осман Кадриу: „Уставно уредување на Република Македонија“……….70.000
Ако некој овде може да пронајде национален интерес од областа на книжевноста, веднаш може да му се јави на момчето од Муртино и да му даде поддршка да ја смени дефиницијата за тоа што е книжевност и што е национален интерес, доколку тој воопшто знае што е тоа „национален интерес“ по промената не се што е македонско во единствена македонска држава во светот.