Четири случаи на напади врз малолетници се случиле во последниве 24 часа во Скопје и во Валандово.

Четворица малолетници од валандовското село Чалакли, вчера физички нападнале малолетничка од нивното село и притоа еден од напаѓачите и нанел убодна рана во пределот на левата надлактица, соошти денеска СВР Струмица.

Нападот бил пријавен во Полициската станица во Валандово, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Двајца малолетници во два одвоени случаи во скоспки Аеродром и во селото Ласкарци биле физички нападнати од соученици.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во 18.00 часот во Полициската станица Аеродром, Ј.Г.(47) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 16.50 часот во двор на основно училиште на улица „Горно Лисиче“ неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца негови соученици.

Вториот случај е пријавен во Полициското одделение Сарај во 11:15 часот. А.Љ. (42) од село Ласкарци, Скопско, пријавила дека на 13 февруари околу 13.30 часот во кругот на основно училиште во село Ласкарци нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од соученици.

Полицијата во билтенот евидентира уште еден напад на малолетник во близина на стадионот „Ѓорче Петров“ од неколку непознати лица кои му одзеле мобилен телефон и велосипед.  Случајот го пријавила С.П вчера во СВР Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.