Скандалозната национална програма за култура, односно финансирањето на проекти од национален интерес во културата од областа на литературата и издавачката дејност, не само што не е национална туку е во целост антинационала! Во оваа прилика, од шарлатанската распределба на средства за литературата/книжевноста, издвојуваме само дел од книгите кои се прогласени за „книжевни дела“, иако немаат никаква врска со книжевноста која се дефинира како уметничко творештво чие изразно средства е зборот, односно јазикот. Освен тоа, од програмата може да се види дека парите се делени по бавтана, од ракав, по приватни линии, па веднаш треба да се види (да се објави) составот на Комисијата за литература и издаваштво, но и кој е човекот што ја предводел Комисијата и каде тој е вработен?

Еве дел од списокot на одобрени книги што треба да ги платат граѓаните преку буџетот на Република Македонија:

Фадбарда Исмаили: „Методологија на правното пишување“………..120.000

Маир Исени: „Родителската грижа влијае  на децата“……………………130.000

Беџет Точи: „Психомоторика“………………………………………………………130.000

Шефки Селами: „Менаџирање на наставата во Тетово“………………..120.000

Ибиш Кадрија: „Политичка социологија“…………………………………….140.000

Здружение „Пурпура“-Тетово: „Да се биде Албанец“…………………..150.000

Фестим Халили:„Софтверско инжинерство“…………………………………180.000

Фаузи Скендери:„Географија на населби“…………………………………….100.000

Фаузи Скендери: „Демогеографија“……………………………………………. 100.000

Мирела Ибраими: „Стручните органи во средните училишта..“….  200.000

Зеќирија Реџепи:„ Европската унија и интегративниот процес“……185.000

Фатон Мурсели: „Комуникацијата, наша судбина“……………………….100.000

Линдита Адеми: „Терминологијата од областа на информатичко-  компјутерската технологија на англиски и албански јазик“………………75.000

Беса Догани: „Партиципативноста на одговорните субјекти во

училиштето за поуспешна адаптација учениците“……………………………70.000

Мурсел Мурсели: „Лисец: минато, сегашноста и иднината“…………….90.000

Ваљбона Камбери: „Дидактички помагала за читање книги на

часови по албански јазик во Македонија“………………………………………..100.000

Петрит Положани:„Емиграцијата на албанската популација со

посебен осврт врз Република Македонија“………………………………………  80.000

Исмет Јонузи: „Албанскиот клуб и конгресите на Битола………………100.000

Дрита Мамути Фазлиу: „Вонсудско решавање на споровите“………… 80.000

Хавуше Лесковица- Исмаили: „Истражувачките центри во

претставничките тела……………………………………………………………………..100.000

Осман Кадриу: „Вовед во граѓанско право“……………………………………..80.000

Осман Кадриу: „Уставно уредување на Република Македонија“……….70.000

Ако некој овде може да пронајде национален интерес од областа на  книжевноста, веднаш може да му се јави на момчето од Муртино и да му даде поддршка да ја смени дефиницијата за тоа што е книжевност и што е национален интерес, доколку тој воопшто знае што е тоа „национален интерес“ по промената не се што е македонско во единствена македонска држава во светот.