Европската Унија и официјално ја доби нотификацијата за промената на уставното име на државата, соопшти попладнево службата за надворешна акција на ЕУ, ЕЕАС.
– Денеска ЕУ беше формално известена од страна на Република Северна Македонија за новото име, по стапувањето на сила на Преспанскиот договор. Топло го поздравуваме овој историски чекор, што претставува пример за помирување за регионот на Западниот Балкан и пошироко, стои во соопштението на ЕЕАС.
ЕЕАС, која ја води Федерика Могерини, и го посредува дијалогот помеѓу Белград и Приштина и честита на Северна Македонија за овој огромен успех и отвора нова страница во “нашата заедничка ЕУ иднина“, се вели понатаму во соопштението.
Деновиве и останатите ЕУ институции ќе добијат слично известување од страна на нашето Министерство за надворешни работи.