Традиционално пред почетокот на ракометната Лига на шампиони, Европската куќа на ракометот (ЕХФ) ги одреди фаворитите за европската титула.
На врвот на листата е унгарски Веспрем, додека македонскиот тим и актуелен шампион, Вардар е на седмата позиција. Сепак од ЕХФ сметаат дека вардарци не треба да се отпишуваат.
– Да се отпише тимот е грешка, бидејќи минатата сезона дојдоа до титулата иако никој не им даваше шанса за тоа. Клубот од Скопје ќе има тешка задача во новата сезона, а првите неколу недели од сезоната ќе покажат многу работи, стои во текстот на ЕХФ.
Новата сезона во ЛШ за „црвено-црните“ стартува следната сабота со гостување кај француски Монпелје.