Доктор осомничен дека бил дел од наводниот саудиски тим кој е виновен за убиството на новинарот Џамал Кашоги, студирал во Австралија, објави телевизијата Еј-Би-Си.

Турските власти утврдија дека докторот Салах ал-Тубаигу бил меѓу 15-те мажи во саудискиот конзулат во Истанбул на 2 октомври, кога саудискиот дописник на „Вашингтон пост“ наводно е убиен, а неговото тело исечено на парчиња.

Тубаги, наводно, бил виден како носи коска кога слетал во Истанбул и си заминал од градот, објавија турските власти.

Телевизијата Еј-Би-Си објави дека Тубаигу поминал три месеци од јуни 2015 година на Викторијанскиот институт за судска медицина во Мелбурн како форензички патолог, а неговите трошоци ги платила саудиската Влада.

Тој учел како поефикасно да идентификува жртви на катастрофи, но не направил никакви аутопсии додека бил на институтот.

Во тоа време тој бил шеф на комисијата за судска медицина во Саудиска Арабија, а подоцна имал и високата позиција во саудиското Министерство за внатрешни работи.