Ејлин Нобл која има 84 години вчера го истрча Лондонскиот маратон со време од 6 часа, 28 минути и 7 секунди.

Таа беше најстариот учесник на маратонот и сите го пофалија нејзиното време, со оглед на тоа што некои тркачи помлади и по 20-30 години останаа далеку зад неа.

Ејлин низ целта мина со насмевка.

И минатата година учествувала на маратонот. Трча од своите 50-ти години и досега учествувала на 18 маратони.

„Не мислам на себеси како на најстариот учесник, туку како на еден од останатите“, изјави Нобл пред трката.

Повеќе од три децении таа трча четири пати неделно и вели дека тоа ја прави среќена, пренесува порталот „Кликс“.

„Кога сте под стрес или имате некоја грижа, трчате и се чувствувате подобро. Ќе се вратите дома среќни. Не можам да го замислам мојот живот без да трчам“, објаснила таа.