Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел ја загубил контролата во соблекувалната на тимот, пишува „Екип“.

Тој е незадоволен што голем број играчи не покажуваат желба да си ја вршат својата работа во последно време. Еден пример е неподготвеноста на неколку негови пулени да одат во Нант за да играат против тимот во натпревар од Лига 1. Тогаш, ПСЖ загуби со 2:3.

Според француското издание, Тухел ја изгубил контролата врз неговите играчи, како и нивната почит, а со тоа и добриот однос со нив.

По поразот во финалето на францускиот куп против Рен, ѕвездата на тимот, Нејмар ги обвини младите играчи дека не го слушаат тренерскиот штаб. Тој имал на ум нивниот несоодветен став кон тренинзите, на кои некои играчи се однесувале како сезоната да е завршена и летниот одмор веќе почнал.

Иако можеше да го стори тоа многу порано, ПСЖ ја освои титулата на Франција предвреме. Сепак, во Лигата на шампионите, тимот беше елиминиран во осминафиналето, каде што беше отстранет од Манчестер Јунајтед.