Огромни пламени јазици и црн чад од депониите во Полска станаа секојдневна слика. Годинава пожарите соборуваат рекорди – беа забележани до сега вкупно 63, споредено со 37 лани за цела година.

Во повеќето случаи не се работи за самоспаслување на ѓубрето, туку за подметнат пожар, тврдат од полската влада. Ова е само потврда за големиот проблем со нелегално депонирано ѓубре, а во повеќто случаи станува збор за криминалци кои се одговорни за тоа.

Ѓубрето на полските депонии не е само од Полска, туку, според владата, поголем дел доаѓа од други земји. Повеќе европски земји не можат или не сакаат да го преработуваат нивното ѓубре, па го транспортираат во држави кои тоа го прават.

Се до неодамна Кина беше најголемиот увозник на ѓубре, но веќе не е.Токму поради тоа, смета послаката влада, лани во Полска што легално, што неегално се депонирале 700 милиони килограми отпад.

Министерот за екологија, Хенрик Ковалчик, вели дека многу компании кои го увезуваат отпадот кажуваат дека ќе го рециклираат, но честопати тоа не се случува. Па, затоа наскоро ќе се менува законот.

„Не смее да дозволиме Полска да стане европска депонија“, вели Ковалчик.

Иако, експерти велат дека е илузорно да се очекува Полска да ја замени улогата на Кина, затоа што земјата нема капацитет за такво нешто.

Но, Мартин Бекер, експерт од Делфт, Холандија вели дека Полска е соочена со голема еколошка бомба, иако во отпадот лежи неискористена енергија.

„Во Холандија капацитетот за спалување отпад е 20 илјади килограми на час, тогаш ако во Полска има 700 милиони килограми, тоа значи дека ќе горите отпад без прекин речиси четири години“, истакнува Бекер.

Пред два дена во градот Жгерж имаше пожар кој 250 пожарникари го гасеа два дена. Сега депониите ги чува полицијата.