Владата вечерва ќе ја одржи 94-та седница на која ќе се стави на разгледување и на усвојување Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2018 година.
Како што информираат од владината прес-служба, постапката за измени и дополнувања на Буџетот за 2018 година се иницира во овој период за да се запазат роковите согласно законската регулатива за негово усвојување во Собранието на РМ во случај доколку не се донесе одлука за одржување предвремени избори.