Фајнанс тинк денеска во Скопје организира економски форум на тема „Заматен поглед нанапред: Многубројни неизвесности ги поткопуваат економските изгледи?”.

Според најавата, форумот ќе го отворат премиерот Димитар Ковачевски и Благица Петрески од „Finance Think“, а на првиот панел ќе зборуваат министерот за финансии Фатмир Бесими, гувернерката Анита Ангеловска Бежоска и Масимилиано Паолучи од Светска Банка.

Панелисти во вториот дел од дебатата ќе бидат вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, раководителот за соработка во Делегацијата на ЕУ, Штефан Худолин, извршната директорка на Отворено општество – Македонија, Фани Каранфилова Пановска и директорот на Македонскиот центар за меѓународна соработка Александар Кржаловски.