Досега, во историјата на нашето време две албански држави – Албанија и Косово – се во целосна правна функција и во рамки на меѓународното право. Но, како што одат работите, треба да се појават како независна држава и еден милион Албанци, кои живеат во Македонија, пишува тврди Спартак Нѓела во својата колумна со наслов „Ќе ја има ли третата албанска држава во Македонија“, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија – ИНА.
Инаку, Нѓела е адвокат, бил поранешен министер за правда во 1997 година, основач на албанската партија Закон и правда во 2008 година и пратеник во албанскиот Парламент од 2005 до 2009 година.
Покрај другото, во својата колумна Спартак Нѓела пишува:
Ќе има ли и трета албанска држава на Западниот Балкан со еден милион етнички Албанци, кои живеат во Македонија? Уште од Националната преродба, уште од независноста на Албанија сѐ до независноста на Косово, Албанците чекаа нивната Национална преродба да стане сеалбанска реалност. Ова сега и доаѓа. Во Западниот Балкан денес има две албански држави со 5 милиони Албанци. Се очекува и третата албанска држава со еден милион Албанци: во Македонија. Ова е логиката на времето, која гласи: ќе се случи и тоа.
Сѐ што се случува во Западниот Балкан е во полза на албанското прашање. Кризата во Србија избувна како последица на загубата на Косово. Кризата во Србија се случува, поради засилувањето на албанството во Илирскиот полуостров. Сѐ е во корист на Косово и Албанија.
Треба да знаат добро и Грција и Србија и Црна Гора и Македонија дека албанското прашање не е завршено. Албанците, под удар насилно во овие четири држави, ќе се обединат со своите албански етнички територии во единствена држава: ова ќе биде последната битка во болната историја на Албанија. Овој процес започна, бидејќи во Западниот Балкан веќе има две албански држави: Косово и Албанија. Се очекува и создавањето на третата албанска држава со еден милион Албанци од Македонија.
Но, нема да заостане ниту Чамерија во овој сеалбански процес. Затоа, треба да знаат добро и Белград, и Москва, и Атина дека повеќе не можат да го запрат овој сеалбански процес, кој започна со независноста на Косово.
Обединета Албанија денес е висок интерес на Атлантскиот сојуз, сакаат, или не сакаат две, или три држави на тој сојуз. Без албанскиот свет во Западниот Балкан, Америка воопшто не може да ги искорне Владимир Путин и Русија. Процесот на тоа искоренување започна со воениот судир Русија-Украина. Албанија е во очекување на растурањето на Русија и Србија.
Ова е основната причина за Националната преродба на Албанците во овој историски период. Големите европски сили со сила спроведуваа блокада на Албанскиот национален дух во изминатата 120-годишна историја, но времето сега работи за Албанците.
Сиот албански свет во Западниот Балкан токму сега ја чека новата албанска република во Македонија. Ова ќе биде последната голема победа на Албанците против долгогодишната словенска окупација. Денеска во Македонија живеат 1 милион автохтони Албанци и тие без никаква сомнеж ќе се обединат во создавањето на Обединета Албанија. Да видиме дали албанските водачи во Скопје и Тетово ќе успеат да ја доведат оваа нова албанска држава во Западниот Балкан на сцената на времето?
Целиот текст на албански јазик може да го отворите ТУКА.