Експерти тврдат дека дел од трасата за Коридор 8 минува низ заштитено подрачје во Охридскиот регион, објави весникот Нова Македонија.
Тие алармираат, како што се наведува, за „очигледно направените исчекори во насока на конкретни обиди за создавање легална рамка за уништување нa материјалните докази за нашето постоење“. Во изјави за за Нова Македонија алармираат дека траса на Коридор 8 поминува низ заштитено подрачје од Охридскиот регион.
Според анализите на соговорниците на весникот, експерти од областа, со „нестручноста и неоснованоста на предложеното законско решение како измени и дополнувања на Законот за заштита на културното наследство, на најгруб можен начин се нарушува безбедноста на потенцијалното културно наследство на територијата од Република Македонија во лицето на случајните археолошки откритија, а отсуството на облигаторност со надлежната јавна установа за заштита на културното наследство овозможува манипулација и со квантитетот на евентуално пронајдените случајни археолошки откритија, но и со автентичноста на нивното стратиграфско, културолошко и историско толкување“, објавува Нова Македонија.
За повеќе од пет години, актуелната власт не изгради ниту еден автопат, ниту го доврши почнатиот од Кичево за Охрид, а сега премиерот Димитар Ковачевски и првиот вицепремиер Артан Груби на голема врата најавуваат повеќе автопати, при што за нивната изградба се прават сериозни отстапки кон конзорциумот што ќе ги гради.
Извор: Нова Македонија.