Бројот на заразени од новиот коронавирус во Шпанија денеска драстично се зголеми, објави Би Би Си.
Според последните информации, потврдени се нови 1.500 случаи на Ковид-19, со што бројот на заболени лица во Шпанија достигна над 5.700.
Шпанија е најпогодена земја од новиот коронавирус, веднаш по Италија.