Во големата експлозија во Париз повреднеи се 36 луѓе од кои 12 се во критична состојба, изјави портпарол на пожарникарската служба.

Министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастане изјави дека „ситуацијата сега е под контрола“.

Експлозијата се случи во 9. париски арондисман во пекара, а според првични проценки е предизвикана од истекување гас. Оштетени се и објекти на стотина метри од местото на експлозијата. Во спасувачките операции учествувале речиси 200 пожарникари.