Во центарот на Линкопинг, град во јужниот дел на Шведска денеска се одекна експлозија при што се повредени повеќемина.

На местото на инцидентот се наоѓаат 20 амбулантни возила и припадници на единицата за детонирање.

Според Шведското радио експлозијата оштетила прозорци и тераси на една петкатница, а штета претрпеле и зградите во близина.

Се уште не е позната причината за експлозијата.