Десет лица се повредени во пожар предизвикан од силна експлозија во магацин во близина на аеродромот во узбекистанскиот главен град Ташкент. Еден од повредените е во тешка состојба. Пожарот рано утринава е локализиран и ситуацијата е под контрола, соопшти узбекистанското Министерство за вонредни состојби.

Причините за експлозијата се уште не се разјаснети, но според една од верзиите удрил гром. На местото е поставена специјална теренска лабораторија која ќе ја испита експлозијата.

„Како резултат на брзите активности на претставниците на Министерството за вонредни состојби, пожарот е ставен под контрола. Ситуацијата е под целосна контрола“, соопшти узбекистанското Министерство за вонредни состојби на Телеграм.