Добро бе луѓе што треба да нѐ снајде, па да речеме доста е, коментира поранешниот пратеник во Собранието на Република Македонија, Илија Лазаров.

– Струја нема, гас нема, здравство катастрофа, образование катастрофа, стандард катастрофа, задолжувања до небо, надворешна па и внатрешна политика катастрофа, криминал до коска. Сакаат да останат уште на власт, со наши пари купуваат пратеници и си билдаат самодоверба, имаме министри како три Швајцарии, а стандард педесет пати ако не и стопати понизок од Швајцарија. Добро бе луге што треба да нѐ снајде па да речеме ДОСТА Е!- објави Лазаров на неговиот профил на Фејсбук.

Професорот Илија Лазаров беше пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во пратеничкиот состав од 1998 до 2002 година.