Екстремисти од ИД киднапираа 130 семејства воглавно жени од покраината Деир-ал-Зур во источниот дел од Сирија. Киднапирањата се случиле вопетокто во напад на милитантите врз камп за раселени луѓе, соопшти Сириската група за човекови права.

Екстремистите киднапирале луѓе од кампот Хаџин и заробиле 23 борци на Сириските демократски сили под водство на Курдите. Киднапирани се лица во последната енклава што јаконтролираат источно од реката Еуфрат во Деир ал Зур.