Муса Џафери и екс министерот за правда и актуелен градоначалник на Сарај Блерим Беџети се во главни улоги во најновите аудио бомби објавени вечерва на Фејсбук од Ел Чека.
Во бомбите се зборува за албанскиот јазик а се споменуват и Штип, Белград и УДБА како и сменетиот директор на Гинекологија Ваљон Беља.
Профилот Ел Чека за кого МВР објави дека побарало да биде блокиран од Фејсбук тврди дека бомбите се добиени од тројца членови на Кумановската група која лежи во затворот Идризово: Сами Укшини, Вал Зека и Шек Халими.
Објавувачот на најновите „бомби“ кои се однесуваат главно на ДУИ, на Фејсбук, Ел Чека, вечерва се исмеваше со известувањето дека МВР открило кој стои зад профилот од каде се објавени прислушуваните материјали.
-Глупоста на ДУИ нема крај, ме откриле? Да, мојот профил е јавен и има слики од мене. И ова го нарекуваат криминал? Зарем убиствата на борците на УЧК и Албанците не се криминал? Ќе биде ли некој осуден за тоа?
Бог да ги благослови Албанија и Америка!, напиша Ел Чека на Фејсбук.
На својот профил тој има објавено и дека се слушнал со еден од осудените за Диво Насеље, Командант Соколи и се договориле да ги објави сите „бомби“ кои ги има.