Светски познатиот модел Ел Макферсон која неодамна се разведе од инвеститорот Џефри Софри повторно е во врска. Таа не ја крие љубовта кон 61-годишниот доктор Ендрју Вејквилд со кого папараците ја „уловија“ како се бакнуваат во Мајами.

Британецот претходно беше познат по скандалот со вакцини против аутизам и одземената лекарска лиценца. Според познаници на вљубените, двојката е заедно од ноември минатата година, но неодамна ги криела своите чувства, бидејќи Ендрју беше оженет. Тој неодамна се раздели од неговата сопруга, а сега тие сега уживаат во љубовта.

Пријателите на скандалозниот лекар велат дека тој лудо се заљубил во моделот. За да изгледа добро со неа, Ендрју дури и започна строга диета со здрава храна и веќе спушти неколку килограми. Ја обновил и комплетно гардероба и сега е со елегантен „аутфит“, за да ја импресионира својата партнерка.

А само два месеца пред да биде фотографиран во прегратките на Ел, сопругата Кармел жестоко го бранеше Ендрју во документарец за скандалот со вакцините, без да знае дека таткото на четирите нејзини деца ја мами со поранешната топ манекенката.

Всушност Кармел разбрала од папарашките слики во медиумите за односот на мажот со супермоделот и била вчудоневидена.

Кратко пред тоа, тој побарал од неа да се разделат некое време, објаснувајќи и дека му треба малку време да остане сам. Но се покажа дека, не сосема сам.

И зад Ел е пропаднат брак. Таа по разочарувањето што го претрпе со поранешниот маж Џефри кој имал афера со друга жена, сега е среќна. Се шпекулира дека успеала скапо да го наплати разводот и да добие 80 милиони долари.