Францускиот претседател Емануел Макрон ја поздрави подготвеноста на неговиот украински колега Володимир Зеленски да го обнови дијалогот со САД, соопшти Елисејската палата.
Шефот на француската држава, кој веќе телефонски разговараше со Зеленски и со американскиот претседател Доналд Трамп, ја потврди решеноста на Франција да работи со сите заинтересирани страни за да постигне стабилен и траен мир во Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека му наредил на својот министер за одбрана и други официјални лица да обезбедат точна информација за воените испораки, откако САД објавија дека ја прекинуваат помошта за Киев.
„Им наредив на министерот за одбрана на Украина, шефот на разузнавањето и дипломатите да контактираат со своите колеги во САД и да добијат официјална информација“, рече Зеленски во вечерното видео обраќање.
Фото: ЕПА