Лиз Трас денеска го замени Борис Џонсон на функцијата премиер на Велика Британија, откако Кралицата Елизабета побара од неа да формира нова влада за да се справи со енергетската и економската криза.
– Ви благодарам што ми верувавте да ја водам нашата голема земја. Ќе преземам храбри чекори за сите нас да ги поминеме овие тешки времиња, да ја зајакнеме нашата економија и да го отклучам потенцијалот на Обединетото Кралство, рече таа.
Трас го победи партискиот ривал Риши Сунак во гласањето за лидерство на Конзервативната партија, ветувајќи дека ќе ги намали даноците и ќе им помогне на луѓето околу сметките за енергија во мигови кога Велика Британија се соочува со растечка енергетска криза.
Трас ќе го наследи Борис Џонсон кој во јули беше принуден да објави оставка на функцијата по серијата скандали што му ја намалија поддршката, а министри од неговиот кабинет поднесоа оставки за да го принудат да се повлече.
Церемонијата за смена на премиерот и назначување нов што вообичаено се одржува во Бакингемската палата. Oвојпат новата премиерка мандатот го доби во замокот Балморал каде летува кралицата, која поради проблеми со движењето е спречена да отпатува за Лондон.
Трус е четвртиот конзервативен премиер во последните седум години, во време кога Велика Британија влегува од една криза во друга. Моментално земјата се соочува со можност за долга рецесија и натамошен раст на инфлацијата што во јули достигна двоцифрено ниво.