Со резолуција на УНГЕГН при ООН македонскиот јазик и неговото кирилско писмо се признати уште во 1977 година и тоа сред Атина. Толку! Значи, постигнавме со Грција нешто што е постигнато уште пред 40 години, а денеска го претставуваме како најголем бенефит од преговорите, истакна вечерва Елка Јачева-Улчар од Институтот за македонски јазик во Скопје, „Крсте Петков Мисирков“ на својот ФБ профил.
Прашањето по ова само по себе се наменува: Зошто по ѓаволите преговаравме за тоа?