Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас го одигра јубилејниот 100. натпревар во дресот на италијанскиот прволигаш Наполи во синоќешното драматично реми од 2:2 на гостински терен против Сасуоло во рамки на 15. коло во Серија А.

Елмас влезе во игра на стартот на второто полувреме во кое Наполи со два гола во период од девет минути (Руиз 51, Мертенс 60) поведе со 2:0, но до крајот на натпреварот Сасуоло се врати резултатски (Скамака 72, Ферари 89), а во судиското продолжение постигна и трет гол, кој беше поништен поради прекршок.

Наполи остана лидер во Серија А по 15 коло со 36 бодови, еден повеќе од второпласираниот Милан.

Македонскиот репрезентативец му се приклучи на Наполи во јули 2019 година од редовите на Фенербахче во трансфер вреден 16 милиони евра, и на досегашните 100 настапи за клубот од Неапол во сите натпреварувања постигна шест голови, а запиша и четири асистенции.