Казна од 6,5 милиони евра платила Македонија поради (не)изградната на пругата и доцнењето на возовите кон Бугарија.

Лани на Европската банка за обнова и развој Македонија и платила 6,5 милиони евра казна во камати и трошоци за нереализирани средства поради договорен, а неповлечен заем за изградба на пругата Бељаковци – Крива Паланка, објави порталот Фактор.

Станува збор за втората од вкупно три делници кои треба да се изградат за железничко поврзување со Бугарија преку Коридор 8.

Ова го потврдува ЈП за железничка инфраструктура, во својот годишен извештај за минатата година, според кој кој повторно влегло во загуба од 5 милиони евра со пресметана амортизација, иако приходите во 2021 биле за 1,5 милиони евра поголеми од годината претходно.

Инфраструктура овие пари и ги исплатила од сопствени средства на ЕБОР во текот на минатата година кои изнесувале 393.930 милиони денари. Вкупните трошоци за камати и неповлечени средства кон меѓународниот кредитор изнесувале 405.413 милиони денари, затоа што 11.483.000 денари како казнени пенали кон ЕБОР биле платени и за делницата Куманово – Бељаковци.

Минатиот месец Владата ги потпиша документите со кои ќе се реализираат две фази за железничкото поврзување со Бугарија. Инвестицијата е 200 милиони евра, од кои дел се заем, а дел грант. Одбраните оператори се австриски Штрабаг и турски Ѓулермак.

Извор: Фактор