ЕМ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТЧИЊА, ЕМ НЕЗАВИСНИ АНКЕТАРЧИЊА: Спасов ја води Рејтинг, но и ФБ на СДСМ

/ 29.02.2020

Агенцијата „Рејтинг“ пред секои избори во Република Македонија објавува анкети во полза на СДСМ, објавува Курир.

Колку и да им е на сите јасно дека народот нема доверба во Зоран Заев и СДСМ, оваа агенција во своите анкети ги претставува како политичар и партија во кои граѓаните веруваат. И сите изборни резултати ги побиваат анкетите на „Рејтинг“.

Сопственик на агенцијата е Никола Спасов. Во слободно време овој човек, очигледно, е администратор на Фејсбук страницата на СДСМ.

На Фејсбук страницата „Тесна кожа“ беше објавен и доказ за ова, истакнува Курир.

-Се прашуваме како тоа Никола Спасов сопственик на Agencija Rejting (која „транспарентно“ го мери рејтингот на сите политичари во земјава) истовремено ја води и официјалната страна на СДСМ?


Од истата категорија