Американскиот претседател Џо Бајден планира да најави зголемување на военото присуство на САД во Полска, како и промени во распоредувањето на американските воени контингенти во балтичките земји, одобрени од него пред руската инвазија на Украина, јави Ен-би-си њуз, повикувајќи се на официјални лица.
Промените во регионалното воено присуство може да се изразат особено во зголемувањето на бројот на трајно стационирани воени единици во балтичките земји Литванија, Летонија, Естонија. Но, тоа ќе биде минимално, тврдат изворите на медиумот.
Бројот на американски војници во Полска може трајно да се зголеми за уште неколку стотици, јави медиумот.